На „Браќа Манаки“ разговори со филмскиот снимател Алкаине, Љупчо Константинов и Џим Шеридан
По вчерашното свечено отворање на јубилејното 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, денеска имаше средби со големите филмски имиња како филмскиот снимател Хозе Луис Алкаине и ирскиот режисер и сценарист Џим Шеридан. Се одржа разговор со добитникот на наградата на ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, композиторот Љупчо Константинов.