На академијата, која се одржува на денот на упокојувањето на Мајка Тереза, на истакнати хуманисти и здруженија ќе им бидат доделени традиционалните посланија за хуманост и статуетки со ликот на Св. Мајка Тереза.
Во фоајето на кино „Фросина“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска во издание на „ПНВ Публикации“.
Од денеска до 8 септември во Младинскиот културен центар ќе се одржува четвртиот книжевен фестивал „Друга приказна“ на кој ќе учествуваат дваесетина македонски писатели и исто толку гости од регионот.
Во дворот на Даут-пашин амам денеска ќе биде отворена изложба од најубавите дела создадени на детските креативни работилници „Летни приказни“ организирани во текот на летото од Националната галерија.
Во Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ се интензивираат пробите на новата претстава „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа, во режија на хрватскиот режисер Бранко Брезовац.
Во пресрет на Денот на независноста 8 Септември, Музејот на македонската борба за самостојност денеска со мултимедијален настан „Државотворниот печат“ одбележа 75 години од Првото заседание на АСНОМ.
Фестивалот традиционално почнува на 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија и ќе трае до 12 овој месец.
По успешното спроведување на пролетниот уредувачки потфат „Викилига“, оваа есен почнува втор уредувачки потфат на Википедија на македонски јазик, во соработка со Гете-институтот од Скопје.
Книгоиздателството „Матица македонска“ отвори книжарница-галерија во центарот на Скопје, спроти плоштадот „ВМРО“.
Музејот на град Скопје, по повод 70-годишнината од своето постоење, со изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“, гостува во Музејот на град Нови Сад, Петроварадинска Тврдина.