„Брегот отспротива“ од Фабијано Алборгети објавена на македонски
Стихозбирката „Брегот отспротива (десет години отпосле)“ од Фабијано Алборгети, добитник на Швајцарската награда за литература за 2018 година, излезе деновиве од печат во издание на книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје. Препевот, поткрепен од меѓународната книжевна мрежа „Традуки“, го направи истакнатата поетеса Наташа Сарџоска.