Во Македонска Каменица отворена ликовна изложба од меѓународната Лесновска ликовна колонија
Во изложбениот салон од Домот на култура во Македонска Каменица од вчера е отворена ликовна изложба на слики од Меѓународната Лесновска ликовна колонија 2018. Како што информираше директорот на каменичкиот Дом на култура, Горан Огнановски, љубителите на уметноста во наредните седум дена ќе можат да го видат творештвото на неколку уметници со главен мотив од Лесновскиот манастир