„Бајки од Македонија за цела година“ - нови волшебни приказни за љубителите на имагинарниот свет
Најмладите љубители на безвременските приказни во кои сѐ е можно, но и возрaсните кои веруваат во моќта на имагинацијата, отсега имаат нови приказни, по една за секоја недела. Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ - „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс ламина“ го промовираа новото издание „Бајки од Македонија за цела година“