Со изложба на Боро Рудиќ на која ќе бидат поставени 24 фотографии од неговите последни два циклуса “Appearing – Disappearing” и “EXIT” денеска во Скопје ќе биде отворена галеријата „Рудиќ“
Книжевно пладне со писателот Трајче Кацаров ќе се одржи денеска во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје
Деби-романот на Илија Каров „Приказната за човекот што ги прекрши сите ветувања“ ќе биде промовиран денеска на Булеварот на книгите
„Како да раскажеш приказна’’ е насловено предавњето што денеска на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје ќе го оджи угледната режисерка и ТВ продуцентка од САД, Кахане Куперман
Како дел од дополнителната програма на „Охридско лето“, по повод големиот христијански празник Велигден, на 23 април во катедралната црква „Св. Софија“ ќе се одржи концерт на духовна музика со ансамблот „Ноктурно“ од Србија
Во организација на Националната галерија (НГМ), вечер во 19 часот во Чифте амам ќе биде отворена изложба на уметникот Африм Спахиу (1951), кој е роден во Дебар, а живее и работи во Приштина
Со настап на Молли Тролли Квартет, вечер во Битола ќе почне второтo издание на фестивалот Џез-фактори, културен настан, годинава исполнет со три програмски вечери
„Романса“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Филхармонијата со врвната корејска виолинистка Сојанг Јун, која ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар од Јоханес Брамс
Во Сатиричен театар во Софија почнаа подготовки за меѓународна изведба на „Глобална комедија“ – најнова драма на драматургот Јордан Плевнеш
„Пештерните цркви од 14 век во кавадаречко“, е насловена изложбата која денеска беше отворена во Музеј-галеријата во Кавадарци.