Од понеделник, 1 април, секој посетител на Кинотеката кој ќе дојде со велосипед ќе добие бесплатна влезница за филмот што тој ден ќе се прикажува.
Во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, издавачката куќа „Готен“ вечер од 20 часот во книжарницата „Антолог“ ќе организира книжевен разговор со писателот Мехмет Јашин од Кипар, кој овој месец е гостин на резиденцијалната програма за писатели на „Готен“.
Македонската опера и балет вечер ќе го изведе балетот во два чина „Рајмонда“ од Александар Глазунов, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.
Иво Лауренчиќ – основоположникот на современата македонска креативна и маркетинг индустрија, постхумно е добитник на специјалното признание „Креатори за столетијата“ за особен придонес во промоцијата на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа
Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” во продукција на „Линкс студио“ објави кастинг за гласови, кој е отворен за сите заинтересирани
„Бакнежот на судбината“ е најнова поетска книга со 80 песни од Раде Силјан во издание на „Матица македонска“
Книгата „Разговори за нас“ од Катерина Богоева во издание на издавачката куќа „Блесок“ ќе биде промовирана денеска во Скопје
Монографија „Јоден и тироиден статус на населението 2018 година“ ќе биде промовирана денеска на Медицинскиот факултет во Скопје
Во Галеријата на МКЦ вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски насловена „Andalucia“
Издавачката куќа „Лагуна“ од Белград го објави во ексклузивно издание романот „Папокот на светот“ од Венко Андоновски на српски јазик.