Билетите за вториот концерт се веќе пуштени во продажба, преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com
Истражувачкиот центар за културно наследство при Македонската академија на науките и уметностите и издавачката куќа „Матица македонска“ денеска напладне во МАНУ ќе ја промовираат монографијата „Богородица Перивлепта (свети Климент) во Охрид“ од академик Цветан Грозданов.
Македонската академија на науките и уметностите денеска ја промовираше монографијата „Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид“ – седма од десет тома избрани дела на академик Цветан Грозданов (1936-2018), кои МАНУ ги објавува со издавачката куќа „Матица македонска“.
„Патокази во пустина” која содржи илјада и еден афоризам е најновата книга на писателот Љупчо Силјановски во издание на „Везилка 2011”.
Стрип ценатрот на Македонија го распиша конкурсот за годинашниот 17 Меѓународен салон за стрип Велес за 2019 на кој право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста.
Излезе од печат најновата книга поезија со наслов „Песни за Палестина“ на битолчанецот Панде Манојлов.
Книгоиздателството МИ-АН во соработка со Културно-информативниот центар-Скопје вечер ќе промовира две лингвистички изданија – „Прилози за македонската глаголска префиксација – традиција и континуитет“ на Наталија Андријевска и „Јазикот и стварноста“ на Бобан Карапејовски.
Кои се критериумите по кои се распределувале пари за проектите што аплицирале и по кои се номинирале членови во комисиите и дали постоел вредносен систем во секоја дејност одделно. Овие се целите на надзорната расправа што ќе биде организирана во Собранието на барање на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Петнаесеттина преспанци вечерва во Ресен присуствуваа на втората размена на книги што ја организираше фејсбук групата „Размена на книги и книжевни муабети“.
На концертот ќе има и аниматор, а ќе бидат изведени дела од Дебиси, Григ, Понкиели, Моцарт, Бизе, Елгар.