Адеми: Јавно ќе бидат преиспитани апликациите за кои има сомнеж, како и одбиените
Сите проекти, сите апликации за кои има трошка сомнеж ќе бидат отворени пред јавноста, и сите апликанти кои се одбиени пак ќе се анализираат, тоа го побарав од Комисијата, тоа го имаат прифатено и утре од 10 часот ќе почнат со работа, вели министерот за култура Асаф Адеми по реакциите во јавноста за резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.