Промоција на книгата „Радио“ од новинарот Љупчо Јолевски
Во рамки на манифестацијата „Роденден на уметноста“ на Младинскиот културен центар, вечер од 20.30 часот во кино „Фросина“ ќе биде промовирана книгата „Радио“ на новинариот Љупчо Јолевски. Со повеќе од 730 страници и речиси толку фотографии, таа е избор на авторот од текстови и интервјуа што ги остварил со познати претставници на македонската културна сцена во последните пет години, објавени за Радио Слободна Европа – програма на македонски јазик.