Анкета: Една четвртина од испитаниците не прочитале ниту една книга
Од вкупно 690 испитаници, 170 лица прочитале само една книга, 160 прочитале две книги, 130 прочитале три книги и 130 не прочитале ниту една книга. Ова се резултатите од предновогодишната анкета што ја реализираше Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје под заеднички наслов „Културен барометар“.