Меѓународна изложба на уметничка фотографија Фото Салон Куманово 2018
Кумановци вчера во Уметничката галерија имаа можност да разгледаат 63 фотографии на изложбата Фото Салон Куманово, која што ја организираше по 12-ти пат, Фото кино клуб „Козјак“. Пред публиката беа презентирани наградени фотографии од автори од повеќе држави, меѓу кои и кумановците и членови на клубот Ивана Богдановска, Дејан Ангеловски и Милош Нешковски.