Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – 90 години природонаучна историја
Струшкиот музеј располага со богата природонаучна збирка од околу 8.000 изложени експонати и уште толку складирани во депоата. Распоредени во девет соби почнувајќи од најситните, инсектите, по нив доаѓаат рибите, па птиците и на крај цицачите. Дел од поставката е резервирана и за раститенија, пред сè водни. Најголем дел од поставката ја сочинуваат инсектите, околу 7.000, а голем број им припаѓа и на птиците.