Изложба во Атина за обновата на Скопје по земјотресот
Куратори од Македонија и Грција, 55 години по скопскиот земјотрес, на изложбата „Иднината како проект/ Доксијадис во Скопје“, која утревечер ќе биде свечено отворена во музејот „Бенаки“ во Атина, првпат ќе го презентираат придонесот на грчкиот архитект Константинос Доксијадис во изградбата на Скопје по земјотресот, јави дописничката на МИА од Атина.