„Охридско лето“ на 18 декември во МОБ организира концерт на италијанскиот пијанист Арчиули
„Охридско лето“ во рамки на активностите што ги спроведува надвор од редовната фестивалска програма, организира голем солистички концерт на пијанистот Емануеле Арчиули, еден од најоригиналните и интересните изведувачи на денешната класична музичка сцена.