Одбележување на Меѓународниот ден на човековите права со „Фантастична жена“
По повод Меѓународниот ден на човековите права, со акцент на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат трансродовите луѓе, вечерва во градското кино Милениум во Скопје доаѓа „Фантастична жена“, овогодишниот добитник на Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје.