Изложба „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“ отворена во ЕП во Брисел
Во организација на Спомен-куќата на Мајка Тереза и Католичката црква во Македонија, а на барање на европратеничката Маријана Петир, вчера во Европскиот парламент во Брисел беше отворена изложбата „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“.