Музика од научнофантастични филмови на концертот на Филхармонијата
„Научна фантастика на платно“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе го води диригентот Тимоти Редмонд од Велика Британија. Оркестарот ќе изведе теми од некои од најдобрите научнофантастични филмови, како: „Војна на ѕвездите“, „Ѕвездени патеки“, „Одисеја 2001“, „Алиен“, „Аполо 13“, „Почеток“, „Меѓуѕвезден“…