Познати добитниците на државната награда Св. Климент Охридски
Одборот за доделување на државната награда Св.Климент Охридски“ донесе одлука за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2018 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.