Договор за грант од САД за санација на Чифте амам
Националната галерија на Македонија (НГМ) доби грант од 91.000 американски долари од Амбасадата на Соединетите Американски Држави преку Амбасадорскиот фонд на САД за заштита на културата за 2018 година, за проектот „Санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, заштита од УВ-зрачење и оградување на културното добро Чифте амам“.