Бадев му докажа на светот дека овде постои мал народ, но богат со културна традиција
Никола Бадев му докажа на светот дека овде постои мал народ, но богат со културна традиција, рече неговата ќерка Роска, синоќа во Кавадарци, при отварањето на посебна просторија во новиот музеј, во која се сместени предмети што сведочат за животот и делото на Бадев.