Продановиќ-Бојовиќ: Африканските ритуално-религиски предмети се уметнички најсодржајни
Изложбата во Скопје е само мал дел од ризницата што ја поседува белградскиот музеј, во кој постојаната поставка е во сина и зелена боја, симболизирајќи ги небото и саваните на Африка. Најголем експонат во неа е чамец подарен од народот Фанте од Гана, кој се наоѓа на влезот на музејот.