Во Прилеп ќе се одржи 18-иот Меѓународниот детски музички фестивал „Ѕвездички“
На 20 и 21 октомври во Прилеп, в сабота и в недела, по 18-ти пат ќе се одржи меѓународниот музички детски фестивал „Ѕвездички“. Околу 17 учесници до 14 години од повеќе земји ќе пеат песнички, ќе другаруваат и ќе ги зацврстуваат пријателствата. Учесниците се од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Литванија, Русија, Украина, Казахстан и Македонија.