Ликовни дела од југословенската збирка на НГМ на изложба во Чифте амам
Националната галерија на Македонија (НГМ) вечер од 19 часот во објектот Чифте амам ќе отвори изложба на околу 110 ликовни дела од југословенската збирка, на автори од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Формирањето на југословенската збирка почнало во првите години од основањето на галеријата, а делата се создадени во периодот од почетокот на 19 до средината на 20 век.