Македонскиот научник Тања Петрушевска, дел од ново астрономско откритие
Астрофизичарите за прв пат најдоа доказ за експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда која многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда. Студијата била предводена од тим од Калифорнискиот институт за технологија, а вклучи и истражувач од Универзитетот во Нова Горица, каде во моментов работи Македонката др. Тања Петрушевска, информира Скопското астрономско друштво.