Зборник со трудови за Ѓурѓовден - празникот што поврзува пет етнички заедници
Најмалку пет етнички заедници во Македонија го слават Ѓурѓовден - Македонци, Роми, Турци, Албанци и Власи, и затоа се смета за празник кој не и припаѓа на државата, туку на народот. Значењето на ова нематеријално културно наследство е во неговата кохезивна функција во нашето општество. Ѓурѓовден се празнува на 6 мај и го слави будењето на природата и обновата на вегетацијата.