Костадиновска-Стојчевска во Пустец: Преку соработка во културата ја зајакнуваме врската со нашинците во Преспа
На средбата со градоначалникот на Општина Пустец, Колефски, се наведува во соопштението, беше потврдена заемната заложба за зачувување на нашето културно наследство бидејќи, како што кажа Костадиновска-Стојчевска, тоа значи зачувување и на нашиот културен и национален идентитет.