„Заборавени вредности“ - фестивал на турската култура и традиција во Гостивар
На градскиот плоштад во Гостивар синоќа беше отворен 4. Меѓународен фестивал „Заборавени вредности“, На триесетина штандови поставени на плоштадот гостиварци два дена ќе можат да видат како се изработуваат предмети од дувано стакло, калиграфија, сликање на порцелан, правење кондиторски производи и многу други стари занаети.