На „Охридско лето“ концерт на Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија
Уметниците на Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија се редовни учесници на Фестивалот „Охридско лето“. За нив вечер е резервирана сцената на катедралната црква „Света Софија“, каде овојпат ќе се претстават со избрани дела на Вивалди, Аренски, Барток, Пјацола, Блази, Григ.