Природонаучниот музеј нема препаратор, дефицитарен е стручниот кадар
Од препараторски центар на Балканот, во кој се доаѓало на обука во 1970-тите и 1980-тите години и каде што биле развиени некои техники на препарирање, особено на растителен материјал, Природонаучниот музеј денес нема препаратор и по потреба му помагаат тројца кои се пензионирани во оваа установа.