Традиционални песни од Источна Македонија на цеде, промоцијата на „Скопско лето“
Десет композиции - осум песни и две ора од Малешевијата, Пирин, Осоговијата и Овче Поле, содржи цедето „Од македонското поднебје - кон Исток“ кое вечер ќе биде промовирано во Музејот на македонската борба од 20.30 часот, во рамки на фестивалот „Скопско лето“.