Селма Алиспахиќ, добитник на признанието „Актерот на Европа“ за 2018 година
Актерката Селма Алиспахиќ од Босна и Херцеговина е годинашен добитник на престижното меѓународно признание „Актерот на Европа“, што ќе и биде доделена на 16. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“, кој ќе се одржи од 6 до 11 јули во Преспа.