Концертот „Тапанот се слуша надалеку“ на Сара Симоновска наместо во Сули ан во фоајето на МОБ
Вечерашниот концерт на Сара Симоновска, кој треба да се реализира во рамките на Скопско лето, поради најава на невреме и дожд, наместо во Сули ан, ќе се одржи во Фоајето на Македонската Опера и Балет, со почеток во 21 часот, информираат од Дирекција за култура и уметност на Скопје.