Министерот за култура присуствуваше на ретроспективна изложба на Кастрати
Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми, вечерва присуствуваше на отворањето на ретроспективната изложба на еден од најзначајните албански сликари, Адем Кастрати, во Националната галерија на Македонија-Даут-пашин амам.