Концерт на триото „Апасионато“ во Музеј на Град Скопје
Во Музеј на Град Скопје вечер од 20 часот концерт ќе одржи триото „Апасионато“ во кое членуваат Олег Цингарски (виолончело), Ирина Павлова (виолина) и Наталија Калајџиеска (пијано). Тие ќе изведат дела од Бетовен, Бах, Пјацола, Виењавски, Рахмањинов, Бриж.