Стоечки овации за „Македонисимо“ во Варшава
Публиката во преполната сала уживаше во звуците на македонската музика низ музичката обработка на нашиот композитор Панде Шахов. Концертот, кој истовремено е дел и од програмата со која се чествува 100-годишнина од обновување независност на Полска, предизвика големо внимание, а музичарите беа наградени со стоечки овации.