„Читај ја Македонија“ во Москва
Во рамките на проектот „Читај ја Македонија!”, поддржан од Министерството за култура на РМ, во организација на Олга Панкина, на 19 април во Москва, ќе се одржи тркалезна маса на која ќе учествуваат писатели, преведувачи, истражувачи на литературата, издавачи, професори и студенти.