Коле Ангеловски повторно ја режира „Не сега, драга“ за шестиот роденден на Театар Комедија
„Не сега, драга“ од Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски е новата премиера на Театар Комедија. Претставата ќе се изведе утревечер, на Меѓународниот ден на театарот и на шестиот роденден на Театар Комедија.