Министерот за култура нема основа да ги запре работите во однос на реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид, но ги охрабрува сите надлежни институции да постапуваат доколку имаат индиции за прекршување на законските процедури.
Со положување цвеќе и панихида на неговиот гроб, денеска, Охрид симболично му се поклони на Григор Прличев, својот најпознат поет, ловроносец, културен деец и преродбеник.
Министерството за култура за нов в.д. директор на Македонската опера и балет го назначи Ќазим Асотиќ, прв фаготист - солист во оркестарот на Македонска oпера и балет.
Театарот за деца и младинци вечер во 19.30 часот свечено ќе одбележи 20 години активно играње на „Убавицата и ѕверот“ – рекордно најиграна претстава во Македонија.
Лауреатката изрази огромно задоволство што ја добива наградата која го носи името на еден од гигантите на македонското творештво, што за неа како човек и автор претставува особена чест.
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски најави наскоро решение за просторниот проблем со Државниот архив што се соочува со несоодветни услови за чување на архивскиот материјал откако беше преселен во објектот на Археолошкиот музеј покрај Вардар.
По оставката на в.д. директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов-Дац, Министерството за култура за нов в.д. директор ја назначи Симона Угриновска која, согласно со законот, е од вработените во театарот, продуцент во МНТ.
Во пресрет на одбележувањето 146 години од раѓањето на Гоце Делчев, во Културниот центар „Феникс“ денеска (2 февруари) од 12 часот ќе се одржи книжевна средба на која со родољубива поезија ќе настапат десет македонски поети.
Наградите ќе им бидат врачени на 13-ти февруари, на свеченост по повод 71 година од основањето на македонската писателска асоцијација.
Денеска во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, беше презентирана и лансирана годишната програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, изготвена од стручни лица во Управата за заштита на културното наследство.