Македонија стана полноправна членка на Европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ
На редовната годишна средба на претставниците на земјите – членки на Европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ, која се одржува во Базел, Швајцарија, Република Македонија е едногласно примена во оваа мрежа, соопшти Министерството за култура.