Специјалната награда златна „Камера 300“ за Милчо Манчевски
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола, специјалната награда златна „Камера 300“, за особен придонес во светската филмска уметност за 2017 година, ќе ја додели на македонскиот и светски режисер и сценарист Милчо Манчевски.