Членовите на Комисијата за култура на Собранието на денешната седница ја почнаа расправата за Предлог-законот за престанување на Законот за националниот уметник, но расправата беше прекината поради почетокот на пленарната собраниска седница.
Денот на независноста на Република Македонија денеска беше одбележан и со чествување пред Спомен - куќата на Блаже Конески во Небрегово, прилепско.
Московскиот театар „Мастерскаја П. Фоменко” со фестивалот „Иван се враќа дома“ првпат во Македонија ќе се претстави со три спектакли од режисерот Иван Поповски на сцената на Македонскиот народен театар.
Фестивалот утре ќе се пресели во Скопје каде, традиционално, ќе се одржи Поетско матине на Матка, а вечерта ќе има и Меѓународен поетски митинг на плоштадот „Македонија“.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, им честитал на тројцата поети за наградите, оценувајќи ги како признание за нивната целокупна поетска дејност.
Македонскиот народен театар објави отворена аудиција за избор на актери, танчери и пејачи за споредните улоги во новиот мјузикл „Мама миа“.
Со садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“ – Чарлс Симиќ, денеска во Струга ќе почне фестивалот Струшки вечери на поезијата кој ќе трае до 28 август.
На гледачите што задоцниле нема да им бидат вратени парите и тие нема да може да влезат во театарот. Ова ќе важи за сите граѓани на светот, порача новиот директор на МНТ.
Професор д-р Елизабета Шелева е именувана за претседател на Управниот одбор на манифестацијата Струшките вечери на поезијата, а Лидија Димковска и Димитрие Дурацоски за членови, соопшти денеска Министерството за култура.
Музичката програма на годинешното 37. Издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на „ЕЛК“ камерниот оркестар од Народна Република Кина.