Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски.
Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Влада Урошевиќ (претседател и минатогодишен лауреат), Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).
Најстариот христијански верски објект во Струга, црквата „Свети Ѓорѓи“, датира од средината на 13 век и претставува круцијален споменик на уметноста од 19 век во Струшкиот регион. Таа е едно од најстарите духовни светилишта на Балканот и во Европа.
Ја прашавме Сара, која има работено како костимограф во дом на култура, дали досега реупотребувала текстил за себе, направила ли некои нови облеки или предмети од стари, од нејзиното семејство.
Со арии на Џузепе Верди, во изведба на италијанскиот тенор Федерико Сера во пијано придружба на Антонио Кампоногара, „Охридско лето“ синоќа им го честита 8 Март, Денот на жената на припадничките на понежниот пол во Охрид.
Групата „Чалгија саунд систем“ вечерва настапува во Јавна Соба, со почеток во 21:00 часот. Ова е четврти по ред концерт во рамките на „Светско, а наше – Саботи на светска музика“ чиј организатор е Јавна Соба.
„Љубовната соба“ на Диневски, најавено е да ја има премиерата во португалскиот град денеска во 14:30 часот.
Дигиталната изложба посветена на „Македонка“ – првиот женски весник во Македонија, кој бил орган на Антифашистичкиот фронт на жените од Македонија (АФЖ), беше претставена денеска во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје по повод Денот на жената 8 Март.
Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.
Музичката програма на платформата „Силата ЕУ младите“ продолжува и денеска со уште еден целовечерен настан, што ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат од Центарот.