Светскиот ден на филозофијата се одбележува со симпозиум „Адам Смит: 300 години од раѓањето“
Настанот го отвори деканот на Филозофскиот факултет на УКИМ, проф. д-р Ратко Дуев, кој истакна дека едно од најважните прашања на филозофијата е што, всушност, претставува вистинската мудрост и дека филозофијата е посветена на начинот како да стигнеме до неа.