На 54-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Самоил Стојановски, извести на својата ФБ страна Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“, каде што тој беше вработен.
Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи:
Во интервјуто, Блажевска открива дека фокусот на истражувањата во Стоби годинава ќе биде ставен на Градбата со арки, на доистражување на големата сала и конзервација на ѕидовите.
Домот на културата „Иван Мазов - Климе" во Кавадарци од понеделник ќе биде место за неколку културни збиднувања во само една седмица, информираа попладнево од оваа културна установа.
Како што соопштија од Националната опера и балет, диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартинeнги, режијата и сценографијата се на Нина Најденова и Елена Иванова од Бугарија.
Градот Охрид денеска со свечен настан се потсети на ликот и делото на македонскиот револуционер, публицист, учител и идеолог, Кирил Прличев, внук на охридскиот поет Григор Прличев.
Во соработка со македонските културно-информативни центри во регионот, Кинотеката ќе организира и презентација на македонската кинематографија преку програма насловена како „Денови на македонски филм“
Министерот објасни дека со законските измени, тие че имаат поголема слобода во делот на решавањето на проблемите на археолошките локалитети.
Ова беа дел од пораките изнесени денеска на промоцијата на овој каталог, чие што издавање е овозможено од Министерството за култура и туризам. Каталогот „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“ произлегува од стогодишното постоење на Археолошкиот музеј.
НУ Народен театар-Битола во 2025 година ќе има 10 премиерни претстави, а Министерството за култура и туризам ќе финансира четири проекти, најави Васко Мавровски, директор на битолскиот театар.