За најдобрите филмови на Киненова ќе одлучуваат Лех Мајевски, Дебора Ван Дам и Дејан Дуковски
На 8.издание на МФФ Киненова за најдобрите филмови ќе одлучува меѓународно жири во состав Лех Мајевски, поет, сликар, писател, режисер и визуелен уметник од Полска, Дебора Ван Дам, режисерка и кинематограферка од Холандија и Дејан Дуковски, писател и сценарист од Македонија.