КУД „Бранко Чајка“-Тетово на манифестацијата „Опленачка берба“ во Топола, Србија
КУД „Бранко Чајка“ кое делува при Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово викендов, од 6 до 8 октомври учествуваше на манифестацијата „Опленачка берба“ која традиционално се одржува во градот Топола, Република Србија. Манифестацијата е посветена на виното и грозјето, бидејќи овој дел од Шумадија е познат вински регион во Србија, а годинава се бележат јубилејни 60 години постоење.