Сакавме да го отсликаме внатрешниот психолошки свет на ликовите, велат кинематограферите на филмот „Зад сувите треви“
Во филмот „Зад сувите треви“ сакавме да го отсликаме внатрешниот психолошки свет на ликовите. Целта беше да го претставиме темнилото што го носи главниот лик, и да помогнеме да се потенцира таа наративна линија со светлото и со движењата на камерата, рече кинематограферот Куршат Уресин на денешната заедичка прес-конференција со неговиот колега Џевахир Шахин, кои заедно работеа на овој филм во режија на Нури Билге Џејлан.