Изложба „Внатрешен сјај“ на Александра Богоеска во КИЦ на РМ во Софија
Во галеријата на КИЦ на Република Македонија во Софија денеска, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата на скулптури со наслов „Внатрешен сјај“ на Александра Богоеска. Делата од изложбата се изработени од камен, а поконкретно од мермер и травертин.