Во организација на Македонското друштво „Илинден"- Тирана вечер ќе биде промовиран фотоалбумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија".
Актерот Никола Ристановски од Северна Македонија е годинешниот добитник на наградата „Александар Лифка“ во регионална категорија на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ кој се отвара утре, јави дописникот на МИА од Белград.
Владата, на седницата одржана на 11 јули, донесе одлука за прогласување на Саат-кулата за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.
Кураторката Клаудија Паецолд и групата уметници Кристина Пулејкова, Нина Жељковиќ и Дриант Зенели внесоа нов живот во заедничкото културно ткиво на балканскиот регион преку нивната револуционерна изложба „Супстрати“. Домаќин беше Културниот центар на Србија во Париз.
Националната опера и балет најавува обнова на македонската опера „Лидија од Македонија“ од композиторот Ристо Аврамовски на 16 септември.
Македонскиот народен театар (МНТ) во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора.
Културата секогаш нè издигнува на ново, поквалитетно ниво. Ова синоќа го истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на изложбата „Супстрати“ – заеднички проект на иницијативата „Отворен Балкан“ со Културниот центар на Србија во Париз.
На „Охридско лето“ вечер е првата содржина од драмскиот дел на програмата, со американската вечер во чии рамки ќе се игра претставата „Бикот на Фаларис“, монодрама напишана и изведувана од Стивен Фридман.
Со македонската премиера на филмот „М“ на Вардан Тозија беше отворен 22. Меѓународен фестивал на европски филм – CINEDAYS.
- „Деконструкција на празнината“ е нова книга раскази напишана од универзитетскиот професор Даниела Андоновска-Трајковска.